Топ
Телото на 57-годишниот пожарникар од Штип предадено на обдукција

Во текот на вчерашниот ден на улицата Браќа Даневи во Штип, при гаснење пожар, кој избувнал во оџак од зграда, на еден од пожарникарите му се влошила здравствената состојба и со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што била констатаирана смрт, соопштија од полицијата.
Од МВР соопштија дека немилиот настан се случил околу 17 часот вчера и дека станува збор за 57-годишен пожарникар со иницијали Ѓ.Џ.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а извршен бил и увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Македонија
(Видео) „На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито“, прашува Илиевски

„На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата! Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори: дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал „злоупотреба на службената должност“од страна на министерот и вицепремиер Изет Меџити и неговиот кабинет“, прашува Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Не е прашањето дали Меџити бил лишен од своите надлежности, прашањето е дали во Решението на Инспекторатот од 17.01.2025 година е констатирана злоупотреба на службенета должност.
Бараме веднаш Решението на инспекторатот да биде јавно објавено. Јавноста мора да им увид во сите детали.
Особено што според информациите кои треба да се потврдат оваа мерка е донесена како резултат на бројни поплаки и пријави од граѓани и компании кои биле уценувани и условувани.
Ова се сериозни индикации за робусна корупцијата во врвот на владата на Мицкоски. На колку бизнис компании им е барано мито? Дали Меџити барал мито? Кој е се оштетен?
СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство за отворат предмет и да преземат соодветни постапки.
Очигледно зад превезот на лажниот патриотизам се крие корупција и злоупотреба на државните институции од страна на ДПМНЕ и ВЛЕН. Нема да дозволиме ваквите скандали да останат без правна завршница последици. Надлежните институции мора да реагираат“, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
Македонија
(Видео) Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

„На мое задоволство денеска сум дел од еден вака убав настан којшто ќе реши еден проблем што трае, еве, само што добив информација, речиси три децении. Место коешто ќе добие нов лик, место коешто ќе го користат жителите на општина Гази Баба, зошто да не и од цело Скопје. Овој културен дом ќе претставува навистина убаво место, каде што ќе можат да се случуваат културни настани“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да честитам и на градоначалникот и на министрите и на сите оние коишто беа вклучени во овој процес, да отпочнеме со реализацијата на овој проект, бидејќи ценам дека на општина Гази Баба ѝ е потребно едно вакво место.
Продолжуваме и понатаму да финансираме како Влада, проекти за општините, капитални инвестиции. Веќе новиот повик е објавен, според она што го имам како информација, а тоа најдобро го кажа и градоначалникот. Веќе аплицираше општината Гази Баба со новите проекти, така што очекуваме, би рекол, динамична пролет и реализација не само на оние од првиот повик, туку и отпочнување на реализацијата на проектите од вториот повик.
Така што, уште еднаш дозволете ми да му честитам на градоначалникот, на пратениците, на советниците, на администрацијата во општина Гази Баба, на министрите, на сите оние кои беа вклучени во реализацијата и во подготовката практично на овој проект, кој по речиси три децении ќе добие нов лик, којшто ќе може жителите на општина Гази Баба да го користат и културно да се воздигнуваат“, изјави Мицкоски.