Црна хроника
Тепачка со чаши и шишиња во штипска дискотека
Во штипската дискотека „Клик“ во саботата, малку по 2.30 часот по полноќ, било пријавено дека 45-годишен штипјанец држејќи стаклено шише во рацете се доближил до масата на која бил А.П., кој бил на возраст од 34 години, заедно со 26-годишниот М.К., 22-годишниот С.С. и 35-годишниот Ѓ.Ш., сите од Штип, при што пријавениот со шишето го удрил А.П. неколкупати во пределот на главата по што му се придружиле и уште три други лица, кои исто така продолжиле со чаши и шишиња да го удираат А.П. по главата и телото, соопштија од полицијата.
По нападот, напаѓачите ја напуштиле дискотеката, а А.П., бидејќи добил повреди, веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што е и задржан на лекување.
За случајот е известен основен јавен обвинител и се работи на негово целосно расчистување, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

