Црна хроника
Тепачки ширум Македонија: се пресметувале со предмети на улица, во ресторани – нападната и малолетничка
Полицијата добила пет пријави за тепачки низ Македонија. Во Битола, Кочани, Чаир и Крушево, повеќенмина се пресметале физички поради недоразибрања.
„Вчера во 11.21 часот во Полициска станица Битола, Ј.Ј.(45) од с.Грнчари, ресенско, пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Битола, поради недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица. На 08.07.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Кочани, Ј.С.(68) од Кочани пријавил дека околу 15.00 часот, додека го управувал своето возило на ул.„14 Бригада“ во Кочани, Н.Ѓ. и И.Ѓ., двајцата од Кочани, фрлале со тврди предмети кон возилото. На 09.07.2023 околу 03.15 часот во Полициска станица Чаир, В.Љ.(38) од Скопје пријавила дека околу 03.00 часот на подрачјето на Бутел, нејзината малолетната ќерка била физички нападната од едно лице“, велат од МВР.
Исто такаво Полициска станица Битола е пријавено дека околу 11.40 часот во Битола е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.П.(60) и З.П.(42), двајцата од Битола.
„Во 00.05 часот во Полициска станица Крушево е пријавено дека во угостителски објект во Крушево, Ц.С.(36) бил физички нападнат од Н.С.(43) и Д.Ц.(26), сите од Крушево“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

