Црна хроника
Тетовецот што си ја уби сопругата под истрага за три кривични дела
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – убиство, убиство (во обид) и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали.
„Осомничениот на 14. 10. 2018 година при вршење семејно насилство ја убил својата сопруга. Делото го извршил во куќата на нејзиниот брат во тетовска Мала Речица, каде што влегол насилно кршејќи ја бравата. По вербална расправија со сега починатата, кон неа испукал два куршума од пиштол марка ТТ во калибар 7,62 мм, што го поседувал без дозвола, погодувајќи ја во пределот на вратот и градниот кош. Од добиените повреди жената починала на самото место“, соопшти Обвинителството.
По настанот, како што се наведува, осомничениот го напуштил местото, а само неколку минути подоцна со умисла се обидел да убие уште едно лице.
„Имено, додека оштетениот се наоѓал во своето патничко моторно возило и го стартувал за да влезе во својот двор, од горната страна на улицата наишол осомничениот со автомобил, застанал паралелно со возилото на оштетениот и испукал кон него два куршума од истиот пиштол. Оштетениот успеал да ги избегне куршумите наведнувајќи се над совозачкото седиште по што осомничениот го напуштил местото“, се наведува во соопштението.
Осомниченото лице било пронајдено и уапсено вчера попладне во селото Гајре, при што од страна на овластени полициски службеници му се одземени и наведениот пиштол и седум куршуми пиштолска муниција.
Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до судија на претходна постапка при Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.