Црна хроника
Уапсен Тетовец, полицијата му пронашла марихуана во џебот

Тетовец бил уапсен затоа што полицијата му пронашла ќесичка марихуана во џебот од тренерките, како и две поголеми пакувања со марихуана во непосредна близина.
„Околу 12:30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово во Тетово го лишиле од слобода А.А. (32) од с.Шемшово. При преглед во џебот од тренерките му пронашле најлонско ќесе со наркотична дрога марихуана, а во непосредна близина биле пронајдени уште две поголеми пакувања со марихуана. Пронајдената марихуана била одземена и предадена за вештачење“, соопшти МВР.
По целосно расчистување на настанот, против А.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Фото) Пожар избил во куќа кај катлановско Блаце, на терен интервенираат пожарникарите

Вечерва избил пожар во куќа во близина на катлановско Блаце. Според потврдата од Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, на местото на настанот се упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кои се обидуваат да го локализираат пожарот.
Пожарот предизвика паника во околината бидејќи се слушале пукања на ќерамидите, но засега нема информации за евентуални повредени. Се работи на расчистување на ситуацијата.
Црна хроника
Страшни детали од бруталното насилството во Визбегово врз жена и нејзините две деца

Јавното обвинителство соопшти дека 24-годишен маж од Визбегово е осомничен за тешко семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка и нејзините две малолетни деца. Насилството се случувало во периодот од 4-ти до 7-ми месецов во нивниот семеен дом.
Според обвинителството, осомничениот повеќепати ги напаѓал жртвите со тупаници, клоци и тврд предмет, нанесувајќи им сериозни телесни повреди. Жената претрпела повеќе скршеници, додека нејзините деца – на возраст од 10 и 4 години – биле брутално претепани. Помалото дете добило хематом на црниот дроб, повреди на белите дробови, лузни на лицето и загубило заби, додека постарото дете има животозагрозувачки фрактури на черепот.
Обвинителството посочува дека осомничениот ги тепал жртвите за да ги принуди да му ги даваат парите од просење.
Јавниот обвинител доставил предлог до судија за претходна постапка за одредување мерка притвор за насилникот.
Црна хроника
Фатален судар на патот Охрид-Св.Наум, 27-годишен моторциклист го загуби животот

27-годишниот Ј.Ц. од Охрид денеска околу 14 часот го загуби животот откако во мотоциклот кој го управувал удрил патнички автомобил „мазда“ управуван 76-годишниот Д.Н. од струшкото село Враништа.
Како што информираат од СВР Охрид, несреќата се случила на регионалниот пат Охрид-Св. Наум.
„Првичните информации покажуваат дека моторциклистот бил прогласен за мртов на местото на несреќата. Итната медицинска помош констатирала смрт, а на терен се извршува увид од страна на полициски екипи, предводени од јавен обвинител. Во тек е истрагата за утврдување на сите детали“, изјави портпарол на СВР Охрид.