Црна хроника
Тетовец избегал од одделот за неврохирургија при Комплексот клиники
Синоќа во Полициската станица Центар Х.К.(52) од Тетово пријавила дека околу 15.30 часот од Одделот за неврохирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ се оддалечил Ш.К.(59) од Тетово.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Запленети над 150 килограми марихуана во товарно возило на преминот Богородица
Во рамките на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана. При детаљна контрола на товарно моторно возило – камион, со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации, товарното возило влегло од Косово, кое преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција, соопшти МВР.
Успешната акција, како што појаснуваат во информацијата, е резултат на одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Царинската управа и претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства за што во ноември 2024 година беше потпишан меморандум за соработка.
Истрагата, најавуваат надлежните, продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали од случајот.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.Н.(32) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 14.35 часот во Полициската станица Центар, Н.Б.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрије Чуповски“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче.
Во Полициската станица Велес, вчераво 17.10 часот Н.Н.(18) од Велес пријавил дека во двор од средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес бил каснат од куче.
Црна хроника
Загина 66-годишен пешак, го удрило возило на патот Гостивар – Кичево
Синоќа во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с.Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешакот И.А.(66) од с.Колибари.
Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.