Црна хроника
Тетовец и тројца албански државјани уапсени со 20 килограми марихуана во Дебар

На дебарската улица Александар Илиќ, во вечерните часови на 15 јануари, при контрола на автомобил „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, полицијата пронашла две торби со 20 килограми марихуана.
Возилото било управувано од 45-годишен тетовец, кој бил уапсен и приведен во полициската станица во Дебар.
Од МВР информираат дека во врска со овој случај на граничниот премин Блато бил приведен 41-годишен државјанин од Република Албанија, а на граничниот премин Ќафасан биле приведени уште двајца Албанци на возраст од 33 и 31 година.
Овие три лица исто така биле предадени и задржани во полициската станица во Дебар, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.