Црна хроника
Тетовец му го украл добитокот на сограѓанин поради долгови

Maж од Тетовско му го украл добитокот на сограѓанин поради нерасчистени долгови, соопшти МВР.
„Полициски службеници од Тетово вчера го привеле 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч, кој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток“, информираа од полицијата.
Одземениот добиток е пронајдeн и вратен на сопственикот, а по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претепан малолетник во скопско Марино: друго момче го снимало настанот на мобилен

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
На сила ја внеле во возило: повредена скопјанка во Струга

Утрово во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, лицето А.Н. и уште едно лице со употреба на сила ја внеле С.Е.(22) од Скопје во патничко возило и заминале од местото.
Во 09.11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со нож ги избола своите баба и дедо: МВР со детали за битолчанката

Вчера во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.Т.(26) од Битола.
Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78).
Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.