Црна хроника
Тетовец оштетен за 10.000 евра, три лица, меѓу нив и банкарски службеник, му ја злоупотребиле сметката
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А. И. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и злоупотреба на лични податоци против М. М. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела употреба на исправа со невистинита содржина и помагање во врска со кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето и против Р. И. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела помагање во врска со кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето и непријавување кривично дело или сторител.
На 19.11.2021, првопријавениот, во својство на референт во филијала на банка во Тетово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без знаење и согласност на лице од Тетово, извршил систематско фиктивно евидентирање полномошно, со кое второпријавениот бил внесен како овластено лице, кое може да располага со финансиските средства од сметката на оштетеното лице.
Истиот ден (19.11.2021), првопријавениот, од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер од 622.559 денари на сметка на второпријавениот во друга банка, кои второпријавениот подоцна ги префрлил на сметка на третопријавениот.
Второпријавениот, на 22.11.2021, на шалтер во банката, од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер на финансиски средства во износ од 615.220 денари на сметката на третопријавениот.
Третопријавениот, и покрај тоа што знаел за ваквите криминални активности, ги ставил на располагање своите лични податоци вклучувајќи ги и своите трансакциски сметки отворени во неколку банки и не го пријавил случајот во надлежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.