Црна хроника
Тетовец ја претепал жената со која бил во љубовна врска

Вчера, околу 13 часот, на улицата Илинденска во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ. З. (20) и Ф. З. (24) од тетовска Мала Речица.
Тие претходно биле пријавени од 40-годишна жена од тетовско, со која Џ. З. подолго време бил во љубовна врска, дека околу 2.30 часот во станот во кој престојувала во Тетово, Џ. З. физички ја нападнал.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што на инволвираните ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица нападнале возач во автобус на ЈСП

Вчера во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.