Црна хроника
Тетовци изнудиле 18.630 евра од сограѓанин за да не објават компромитирачки материјал
На 6.2.2023, во 19.50 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Тетово, од слобода ги лишиле З.Д. (33) од с. Голема Речица, Тетовско, и Ј. А. (60) од с. Пирок, Тетовско.
По преземените мерки, било утврдено дека од средината на јануари 2023, З. Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.
Според пријавеното, З. Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј. А., такси-возач. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј. А., кој подоцна му ги доставувал нему.
Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
З. Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

