Црна хроника
Тешка сообраќајка во Скопје, две лица повредени

Вчера во 11.05 чaсот било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(75) од Скопје и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Скопје.
Според информации од МВР, во незгодата сопатничката од возилото “БМВ“ М.Б.(20) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, а Е.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат надлежните служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени двајца возачи во Куманово, возеле под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Вчера во 17:00 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода С.Л.(18) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека С.Л. управувал патничко возило „сеат“ со брзина од 99 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Исто така, вчера во 23:20 часот на патот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.М.(60) од Кратово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно „застава“, управувано од З.М. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи.
Од таму велат дека согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.
„Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката“, велат од МНР.
Словенечки медиуми објавија дека 38-годишен маж од Северна Македонија починал во центарот на Љубљана и дека причината за смртта сè уште не е разјаснета.
Словенечкиот портал 24.ur.com објави дека неговото тело е пронајдено во четвртокот во раните утрински часови, а според неофицијални информации, тој бил претепан до смрт, што полицијата не го потврдила.
„Полициските службеници извршија увид на местото на настанот, наредена е обдукција, а причината за смртта сè уште не е утврдена. Во тек е интензивна кривична истрага. Надлежното државно обвинителство ќе биде информирано за сите наоди“, изјави портпаролката на полицијата.
Полицијата, исто така, не ги потврди наводите дека починатиот маж е пронајден на Метелкова.
Црна хроника
Дрска кражба на мобилен телефон, поведена постапка против сторителот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Тешка кражба на дрзок начин, согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 4 октомври во вечерните часови, спроти катна гаража на улицата „Мирче Ацев“ забележал две лица од Валандово додека влегувале во такси возило.
Им пришол од зад грб и насилно им ја отворил вратата, а потоа со клоци го удрил едниот оштетен во нозете, така што на оштетениот му испаднал мобилниот телефон. Осомничениот го одзел телефонот и се дал во бегство, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од околу 6.360 денари.
Поради ризикот од бегство и околностите кои укажуваат на можноста осомничениот да го повторува делото, особено имајќи предвид дека претходно повеќепати е осудуван за кривични дела против имотот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.