Црна хроника
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Битола, загина маж а една жена е повредена
Педесет и четири годишен маж од кичевското село Козлица почина во сообраќајна несреќа, што се случила вчера попладнето на регионалниот пат Кичево – Битола, кај село Видрани. Несреќата се случила помеѓу „Југо“, кое го управувал сега починатиот и „Лада нива“, управувана од 69-годишен маж од село Другово.
По незгодата К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар. На сопатничката од возилото „Лада“ Р.П.(68) од село Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

