Црна хроника
Тешка сообраќајна незгода во Скопско, загина жена, неколкумина повредени
Вчера попладне, во 15.07 часот, во СВР Скопје пријавено е дека на крстосницата од магистралниот пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица, која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус „мерцедес“, со косовски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот Р. Х. од Република Косово, и патничко возило „голф“, со скопски регистерски ознаки, управувано од 19-годишниот Ф. И. од Скопје, извести МВР.
„Ф. И., Р. Х., како и патниците од минибусот, К. А. (67) и В. А. А. (33) од Скопје, Г. М. (45) и Е. М. (75) од Косово, биле пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување помош, а Ш. Ш. во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’. На Ф. И., Р. Х., В. А. А., Е. М. и на Г.М. им се констатирани телесни повреди, на Ш. Ш. тешки телесни повреди, а К. А. починала од добиените повреди“, соопшти МВР.
Извршен е увид од СВР Скопје и известен е јавен обвинител, а возачот Ф. И. е лишен од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

