Црна хроника
Тешка сообраќајна незгода на автопатот Гоце Делчев, повредени неколку лица
Вчеравечер, во 19.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, Свети Николе – Скопје, во близина на селото Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Б. С. од село Танушевци, општина Чучер Сандево, и патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Б. Д. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничка од возилото „пежо“, Б. Д. (57) од Скопје, а телесни повреди добиле уште една сопатничка од истото возило, Б. С. (58) од Скопје, возачот Б. С. и неговата сопатничка М. Б. (23) од с. Танушевци, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Исто така ноќеска, во 01:05 часот на улицата „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 40-годишниот О.Н. од Битола.
При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

