Црна хроника
Тешко повредена жена на електричен тротинет, во неа удрил автомобил

Четириесет и петгодишна жена која управувала електричен тротинет е тешко повредена откако во неа удрил автомобил во Аеродром.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 16:45 часот на крстосницата од бул. Јане Сандански и ул.23 Октомври кога автомобил „цитроен“, управуван од Н.Т.(24) од Скопје, удрил во електричен тротинет, управуван од М.Д.Ј.(45) од Скопје.
Во незгодата М.Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривични пријави за убиството на паркингот во Чаир: инволвирани повеќе лица

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Б.Б.(39), А.Д.(34), Б.А.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Н.Д.(22) и А.Д.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „убиство“, против Н.Г.(39) и К.Т.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.
На 10.02.2025 во Скопје на паркинг простор на подрачје на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Х.Б.(35), второ, трето и седмопријавениот, од една страна и прво, четврто, петто и шестопријавениот и Н.М.(31), од друга страна, која преминала во вооружена престрелка, во која првопријавениот со пиштол испукал неколку проектили и ги погодил Н.Д. и Х.Б.. Од здобиените повреди, Х.Б. починал на место.
По ова, четвртопријавениот и третопријавениот со пиштол започнале неконтролирано да пукаат, при што третопријавениот се здобил со повреди, а од проектилите биле оштетени и неколку паркирани возила.
Потоа, второпријавениот со друго лице го однеле починатиот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а останатите пријавени се обиделе да ги скријат трагите, оружјата и возилата.
Набргу по пријавување на настанот, по преземени мерки од слобода биле лишени учесниците во настанот, додека по негово целосно документирање е поднесена пријавата.
Топ
Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот дом во селото, додека се движел со неговото возило „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, патот му бил попречен од паркирано возило „ауди“, по што со неговото возило се вратил назад, а забележал дека и возилото „ауди“ почнало да се движи по него и да го следи.
Според пријавеното, продолжил со движење на локалниот пат кон Велес и на излез од селото во неколку наврати слушнал звук за кој се посомневал дека е од огнено оружје.
Додека бегал од возилото „ауди“, на улица „8 Септември“ во Велес со неговото возило удрил во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, при што била причинета само материјална штета.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамени сопружници од Прилеп: споделиле матични броеви со наводна компанија која тргувала на берза со злато и пари

Вчера во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупно 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари.
Според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.