Црна хроника
Тешко повредена 21-годишна девојка од Куманово, со велосипед удрила во пешак на „Партизанска“
Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, велосипед управуван од 21-годишната Т.З. од Куманово удрил во пешакот, 45-годишниот С.Ш. од село Арачиново, скопско, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, а со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возачот кој удри во тинејџер во Битола се пријавил во полицијата
Дваесет и двегодишно момче управувало со возилото кое вчеравечер околу 3 часот по полноќ удри во 17-годишник кој се здоби со тешки повреди.
Возачот утрото во 7.20 часот самиот се пријавил во полицијата, соопшти МВР. Се работи за момче од битолско, кое управувало автомобил со германски национални ознаки.
Со него од страна на полициски службеници извршен бил службен разговор.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил на бугарска фирма ограбен во Скопје, украдени лаптоп и 12.000 евра, фатени две лица
Скопското обвинителство поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години за тешка кражба.
Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот Илинденска, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.
Од автомобилот „БМВ“ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило, велаат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.
Црна хроника
Педесетгодишен скопјанец ги нападнал и повредил своите родители
Полицијат приведе 50 годишен жител на струмичко село кој вчера околу 16.00 часот во неговиотт семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.