Црна хроника
Тешко повреден возач кога со возилото излетал од патот кај село Радобор

Вчера, во 6.35 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Могила – Будаково, кај с. Радобор, патничко моторно возило „лада самара“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И. А. (42) од с. Будаково, општина Могила, излетало од патот.
Во несреќата возачот И. А. добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола, а увидот на местото извршила екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис, соопшти полицијата.
Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.
Според соопштеното, одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.
Црна хроника
Скопјанка пријавила во МВР дека бистата со ликот на нејзиниот покоен брат била украдена од гробишта

Седумдесет и петгодишна скопјанка во МВР пријавила дека од гробно место во селото Орешани, општина Зелениково, била украдена биста со ликот на нејзиниот починат брат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата за случајот.
Црна хроника
Матурант со автомобил удри во скопјанец, пешакот е тешко повреден

Сообраќајна несреќа се случи вчера на сервисна улица која ги поврзува булеварите Никола Карев и Крсте Мисирков.
„Автомобил ‘фолксваген лупо’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Ј.(18) од сeлото Сарај, скопско, удрил во И.Б.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ Скопје“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Извршен бил увид.