Црна хроника
Тешко повреден возач, со возило излетал кај патот во Битола

Вчера во 23.06 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, пред мостот на река Драгор, патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(21) од с.Новаци, битолско, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж им извадил нож на полицајци во Клиничкиот центар

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
„На 26.09.2024 на една клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавениот со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, информираат од МВР..
Црна хроника
Скопјанец пријавил во полиција исчезнување на својата 26-годишна снаа

34-годишен жител на Скопје пријавил во полиција дека неговата 26-годишна снаа се оддалечила од семејниот дом, соопшти МВР.
„На 19.02.2025 во 21:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ј.Ј. (34) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата снаа, Ј.И. (26) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на жената“, информираа од полицијата.
Црна хроника
Се запали куќа во Стајковци, домаќинот се повредил гасејќи го пожарот

Вчера избил пожар во куќа во скопското село Стајковци, а при гасењето на огнот, се повредил 44-годишен жител на Скопје кој престојувал во куќата, соопшти МВР.
„На 19.02.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 06:30 часот во с.Стајковци, скопско, настанал пожар во куќа во која престојувал Д.М.(44) од Скопје. При гаснење на пожарот, тој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.