Црна хроника
Тешко повреден гевгеличанец, со тешко моторно возило и полуприколка излетал од патот

Синоќа во 20:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци, товарно моторно возило „мерцедес“ и полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(47) од Гевгелија, излетало надвор од патот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Kривична за струмичанец поради обидот за убиство во Ново Село

Струмичката полиција поднесе кривична пријава за М.М.(47) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 13.02.2025 во угостителски објект во с.Ново Село, пријавениот со остар предмет го нападнал Ѓ.Д. и му нанел повреди.
Црна хроника
Тетовец мислел ќе се сретне со жена со која се допишувал, но го начекале две лица и го нападнале

Дваесет и седумгодишен тетовец пријавил дека бил напднат од две лица, кога пристигнал во село Арнакија, скопско.
Според информацијата од МВР, тој тука стигнал по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи, бил физички нападнат од две лица кои му упатувале и закани со огнено оружје, а потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф 5“ со тетовски регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени од Скопје измамени за еден милион денари

Две жени од Скопје биле измамени за еден милион денари во одделни случаи, со измамата со лажни сообраќајни несреќи.
Во првиот, 81-годишна скопјанка, пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во вториот случај, 82-годишна жена од Скопје, пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 700.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.