Црна хроника
Тешко повреден маж од Струга, со тротинет удрил во јаже со кое се влечеле две возила
Вчера околу 12.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Боро Хаџиески“ во Струга, електричен тротинет, управуван од 45-годишниот Н.Д. од Струга, удрил во јажето со кое патничко возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот И.И., влечело патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 47-годишниор М.К., двајцата од струшкото село Велешта, извести МВР.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

