Црна хроника
Тешко повреден малолетник од Велес, со „јамаха“ удрил во мопед „шинерај“
Вчера во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Раштански пат“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетеник, двајцата од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „јамаха“, констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: возел пијан
Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода 49-годишниот Р.Г. од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

