Црна хроника
Тешко повреден малолетник: додека управувал велосипед, изгубил контрола и паднал на патот

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Катланово, скопско, малолетник додека управувал велосипед изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајка на патот кон Дебар, тешко повредени тројца патници

Тројца патници се повредени во сообраќајка што се случила вчера околу 17 часот на патот Струга-Дебар.
Во несреќата учествувале два автомобили, пришто, според информациите од полицијата, тешко повредени се двајцата возачи од Струга, како и една сопатничка. Уште една сопатничка е полесно повредена.
Сите биле префрлени во охридската болница.
Извршен е увид.
Црна хроника
Тројца уапсени во Тетовско, организирале борба со кучиња

Вчера во 16.00 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 18-годишниот А.М. од село Горно Палчиште, 50-годишниот С.У. од село Долно Палчиште и 43-годишниот Ј.И. од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.
За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Пријавениот, искористувајќи ги својата службена положба и овластувањето, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари.