Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Куманово
Триесет и четиригодишен кумановец се здобил со тешки повреди по сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13 часот на крстосницата од улица Никшиќка и улица Титова Митровачка во Куманово.
Според информациите на МВР, во несреќата учествувале камион „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(47) од Прилеп, и мопед „баотиан“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(34) од Куманово. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
По укажаната помош тој бил задржан на лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР-Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

