Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Тетовско, излетал од патот

21-годишен мотоциклист од Тетовско стекнал тешки повреди кога со мотоциклот излетал надвор од патот, информира полицијата.
Имено, синоќа, во 19 часот, било пријавено дека во Тетово, на локалниот пат с. Долна Лешница – с. Горна Лешница, мотоцикл „крос“, без регистарски ознаки, управуван од Ш. А. (21) од с. Палатица, излетал надвор од патот.
Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди конастатирани во Клиничкиот центар во Тетово. Извршен бил увид од екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
15-годишник претепан од маж во Карбинци

Малолентик бил претепан од 73-годишен маж во Штипско, информира полицијата.
СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“.
На 21.08.2025, пријавениот физички нападнал 15-годишно дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Црна хроника
Пензионер нападнат од сопругата во Аеродром

Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, по претходна расправија жената употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Затвореник во Штип фатен со марихуана, хашиш и хероин

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Д. од Свети Николе, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според истрагата, во текот на октомври 2024 година пријавениот внесувал дрога во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Штип, каде што ја издржувал својата затворска казна.
Подоцна при претрес во просторијата во која престојувал биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, таблети и мешавина со хероин.