Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Битола
Вчера во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.,,Филип Втори Македонски“ и ул.,,Наум Наумовски Борче “ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Битола и мопед „хамачи” со битолски регистарски ознаки, управуван од К.Л.(20) од Битола.
Во несреќата митоциклистот К.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Арачиново осомничен за убиството во Чаир, соопшти МВР
Денеска во Скопје полициски службеници од СВР Скопје, го лишија од слобода А.Р. (29) од с.Арачиново во врска со кривично правен настан случен на 14.10.2024 на територија на Чаир, каде што од огнено оружје бил повреден Е.А. (35) од Скопје.
По преземени мерки и активности и изготвените вештачења од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека сторител е А.Р. и од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска е поднесена кривична пријава по брза постапка против А.Р. за кривично дело „убиство”, предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ на РСМ.
Црна хроника
Пронајден починат маж од Струга: бил пријавен за исчезнат
Вчера во 12 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Глобочица, кај месноста „Ѓурчин вир“, починат е пронајден К.М.(60) од Струга за кој на 21.10.2024 неговиот брат Љ.М.(62) пријави дека се оддалечил од домот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Крушевско, пронајдено оружје
Денеска со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани.
При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол.
По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава, извести полицијата.