Црна хроника
Тешко повреден пешак во Скопје

Триесетгодишен скопјанец сo автомобил удрил во пешак кој со тешки повреди бил пренесен во болница.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 21 часот на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, кога автомобил „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван К.Н.(30) од Скопје, удрило во пешакот Д.К.(24) од Свети Николе.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар.
„Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите“, велат од МВР.
Претходно МВР извести дека полициските службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица.
Лицето кое почина со повреди беше пренесено во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Црна хроника
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и побегна

Дваесет и четиригодишник од Охрид управувал со возилото со кое беше прегазен пешак синоќа на улицата Гоце Делчев во градот.
Тој со својот автомобил удрил во 59-годишниот Е.С. од Охрид кој се здобил со тешки повреди, па го напуштил местото.
„По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид“, велат од МВР.
По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не било утврдено присуство на алкохол во организмот.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со мотор удри во 10-годишно девојче на Џон Кенеди

Приведен е 34-годишен скопјанец (Ј.О.) кој околу 11.30 часот, управувајќи мотор на улицата Џон Кенеди во Скопје удри во десетгодишно девојче.
Детето е примено на комплексот клиники со тешки повреди.
Од МВР за случајот информираа дека известен е јавен обвинител, а против 34-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.