Црна хроника
Тешко повреден пешак од Тетовско по удар од возило

Вчера, во 12.10 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Илинденска во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот тетовец Б. М., удрило во 63-годишниот Е. Ш. (пешак) од тетовско Камењане.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени возачи во Неготино и во Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

Полицијата уапси двајца возачи во Неготино и Кавадарци затоа што управувале возила под дејство на алкохол.
Вчера во 21.40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(65) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта.
Доцна синоќа, пак, на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Т.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Т.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта.
По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.