Црна хроника
Тешко повреден пешак, удрен со возило во Скопје

Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.В.(38), удрило во С.К.(19), двете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Удрил во маж на тротинет, тешко го повредил и побегнал, полицијата го најде

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајден возачот кој денеска во Скопје со „фиат“ удри во тротинет управуван од 28 – годишен скопјанец, по што го напуштил местото на несреќата. Во сообраќајката мажот што го управувал тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната итна медицинска помош бил пренесен на скопските клиники.
Како што се наведува во соопштението, денеска во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. “Менделеева” во Скопје, во која учествувале патничко возило “фиат” со скопски регистарски таблици, управувано од С.А. (33) од Скопје и електричен тротинет, управуван од С.К. (28) од Скопје. По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
-Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото “фиат” и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А..
Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Црна хроника
Се тепале две жени во кочанското село Мородвис

Вчера околу 13 часот во ОВР Кочани било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во село Мородвис, откако дошло до физичка пресметка меѓу две жителки на селото.
Како што информира МВР, по претходна расправија дошло до конфликт помеѓу Л.П. (56) и Т.С. (74), при што постарата жена употребила тврд предмет.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен под.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Дебар

Вчера околу 12:50 часот на улицата „Иса Болетини“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 19-годишен мотоциклист, информираа од ОВР Дебар.
Во несреќата учествувале патничко возило од марката „Опел Астра“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од селото Горно Косоврасти, и мопед со исто така дебарски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Дебар.
Од ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Дебар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Дебар, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.