Црна хроника
Тешко повреден скопјанец донесен во Градската болница: бил истепан од две лица, кои му се заканувале со пиштол
Вчера во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје.
Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени 10 мигранти, приведен криумчарот од Албанија
Вчера во 23:35 часот на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода 24-годишниот В.Ц. од Република Албанија.
При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко.
Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.

