Црна хроника
Тешко повреден 13-годишник од Кичево: управувајќи електричен тротинет, се судрил со „фолксваген туран“

Вчера во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судрија трактори во Скопско: пет лица повредени

На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со закани за животот, изнудил над 300.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.