Црна хроника
Тешко повреден 19-годишник, кој со автомобил излетал од патот во Струмичко

Тешко повреден 19-годишник од струмичкото село Ангелци кога синоќа со автомобил излетал од локалниот пат во с. Добрашинци, Струмичко.
Притоа тешки телесни повреди добиле сопатниците В. Н. (20) и С. Н. (19), двајцата од с. Градошорци, Струмичко, а телесни повреди добиле М. С. (19) од с. Ангелци и возачот А. Д., констатирани во Општата болница во Струмица.
Извршен е увид од екипа на СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот.
Според информациите на МВР, вчера вечер во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје.
Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани.
Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, пронајдена е дрога во неговиот дом

На 7 октомври, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај М.Ј (40) од Скопје.
При претресот пронајдени се две полиетиленски кесички со амфетамин, пет шишиња со течен амфетамин и компоненти за производство на амфетамин, дигитална вага со траги од кокаин и други прекурсори за производство на амфетамин.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена Кривична пријава.
Црна хроника
Едно лице загина, неколкумина се повредени во сообраќајна несреќа во Кочанско

Вчера во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.
Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото „рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип– ОВР Кочани.