Црна хроника
Тешко повреден 20-годишен пешак во Центар

Дваесетгодишен пешак е тешко повреден откако во него удрил автомобил во центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, вчеравечер во 20:30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул. ВМРО и ул. Максим Горки патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(27) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(20) од Скопје.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Десетгодишно дете тешко повредено, паднало од електричен тротинет во Гостивар

Вчера во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Две и полгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и четирицикл

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица.
Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во двор во Нов Дојран

Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, Ж.К.(65) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа во Нов Дојран пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 70мм која потекнувала од Првата светска војна.