Црна хроника
Тинејџерка од Косово дошла на гости во Скопје и исчезнала, семејството мисли дека побегнала со љубовникот

Седумнаесетгодишна девојка од Косово дошла на гости во Скопје, но набрзо исчезнала, а семејството се сомнева дека избегала со маж со кого, наверојатно, била во љубовна врска.
За случајот информираше МВР.
„Вчера во полициската станица Е.Ч.(22) од Скопје пријавил дека од неговиот дом се оддалечила К.Џ.(17) од Косово, сестра на неговата сопруга, која заедно со нејзините родители дошла кај него на гости. Тие се сомневаат дека избегала со Џ.Г., со кого најверојатно биле во љубовна врска“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.