Црна хроника
Тинејџер избоден со нож во обложувалница во Аеродром
Од службата за Итна медицинска помош, вчера околу 23 часот во полиција пријавиле дека 18-годишен скопјанец со иницијали Д.У. доживеал тешки повреди од напад со остар предмет, кој се случил во спортска обложувалница на подрачјето на Аеродром.
На 18-годишникот му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
По преземени мерки, полицијата утврдила дека сторител на делото е 17-годишник од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

