Црна хроника
Тинејџер извршил пет тешки кражби во викендички во Маврово

Секторот за внатрешни работи – Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од гостиварското село Леуново поради сомнение дека извршил пет тешки кражби.
Пријавениот се сомничи дека во периодот од октомври до декември годинава, насилно провалил во пет викендички во Маврови Анови и населбата „Бела вода“ искористувајќи го отсуството на нивните сопствениции. При тоа нанел материјална штета од 76.500 денари.
На 01. декември тинејџерот бил уапсен и предаден на судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од осум дена.
Најголемиот дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.