Црна хроника
Тинејџер од Битола му се заканувал на 34-годишник – изнудил експлицитни фотографии претставувајќи се како жена, па барал пари
Полицијата приведее 16-годишник од селото Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола.
Му се заканувал дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од него претставувајќи се со лажен женски идентитет.
Тинејџерот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец тешко повреден во судир со возило со српски ознаки во Скопје
Синоќа околу 20:40 часот, на крстосницата меѓу улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила „хјундаи“ со скопски регистарски таблички и „шкода“ со српски национални ознаки.
Хјундаито го управувал 52-годишниот В.Л. од Скопје, додека зад воланот на шкодата бил 38-годишниот Р.Ѓ. од Србија, кој моментално престојува во Скопје.
Во несреќата тешко се повредил возачот на хјундаито. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од скопската полиција по наредба на јавен обвинител.
Црна хроника
Грк учествувал во сообраќајка кај преминот Меџитлија – тешко повредена 23-годишна битолчанка
Вчера околу 19:55 часот, на патот од Битола кон граничниот премин Меџитлија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила — „опел корса“ со битолски таблички и „фолксваген поло“ со грчки регистерски ознаки.
„Опел корсата“ ја управувала 23-годишната А.С. од Битола, додека „поло“-то го возел 30-годишниот А.Х. од Грција. Во судирот тешко се повредила 23-годишната А.С., а повредите ѝ биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од битолската полиција.
Црна хроника
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар
Вчера вечерта, околу 19:45 часот, на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишниот П.П. од Гостивар беше тешко повреден откако врз него налетало возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистерски таблички.
Автомобилот го управувал 63-годишниот Џ.М. од селото Мало Турчане. Повредениот пешак бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од гостиварската полиција.

