Контакт

Црна хроника

Тинејџер со возило удрил пешак, па избегал од местото на несреќата

Објавено пред

На 30.09.2024 во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

Црна хроника

Сакале да нападнат судија: двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да преземе дејства предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и презел службени дејства за прибирање докази за предмет во вонпранична постапка кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и почнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот по што осомничените во два наврата се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Повредени малолетничка и тинејџер, со автомобил излетале од патот

Објавено пред

Денеска  во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Претрес во Струмичко, пронајдена дрога

Објавено пред

Вчера во 09 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 51-годишниот Б.Б. од село Василево, струмичко, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од...

Македонија15 минути

Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно...

Македонија2 часа

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од мај годинава – покачувањето на...

Македонија3 часа

Мицкоски за 100 дена Влада: Нема да направиме ниту една отстапка што ќе значи дополнителен срам и понижување на граѓаните

Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту...

Економија3 часа

Трајкоска за 100 дена Влада: Имавме многу високи очекувања, не добивме ништо, немаме информација како парите од кредитот ќе одат за бизнисот

Работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот. Претседателката...

Топ5 часа

(Видео) Кривична пријава за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет7 часа

(Видео) Американците објавија снимка од пресретнувањето на руските авиони, за малку ќе дојдеше до несреќа

Северноамериканската воздушна и вселенска одбранбена команда (НОРАД) објави видео од ескадрила ловци пресретнувачи Ф-16Ц, кои доживеаја инцидент на небото во...

Македонија7 часа

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2.500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на...

Свет8 часа

(Видео) Тројца загинати, 15 повредени во напад со нож во Шангај

Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција...

Свет9 часа

(Видео) Нападната американската воена база во Багдад

Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром...

Свет9 часа

Израелците го нападнаа главниот град на Сирија; Државната телевизија: Убиена е наша водителка

Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми, повикувајќи...

Македонија9 часа

Земјотрес со јачина 3,2 почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“

Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната...

Македонија1 ден

МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски – подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни...

Топ1 ден

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој...

Македонија1 ден

Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне...

Македонија1 ден

Во јавните набавки има корупција, која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите...

Македонија1 ден

Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик...

Свет1 ден

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Македонија1 ден

„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да...