Црна хроника
Тинејџер тешко повреден во Дебар: управувајќи мотор, се судрил со автомобил со германски таблички

Oсумнаесетгодишник е тешко повреден, а уште едно лице е полесно повредено во сообраќаја незгода што се случи вчера во Дебар кај улиците Хасан Приштина и Медат Цами.
„Несреќата се случила помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од селото Беловиште, гостиварско и мотоцикл „хамачи“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Е.Е.(18) од Дебар“, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Дебар.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен тетовец кој нападнал полицајци, во неговиот дом најдена дрога

Полицијата изврши претрес во домот и помошните простории кај Б.С.(35) од селото Слатино, тетовско.
Тој претходниот ден околу 23.50 часот бил приведен на локалниот пат Џепчиште-Варвара поради напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
При претресот се пронајдени и одземени две дигитални ваги и пет кесички со бела прашкаста материја, соопшти МВР.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Три лица од кои две потешко повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Вчера на улицата Живко Чинго во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(49) од Охрид и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и нејзиниот сопатник Т.М.(41) од Охрид, додека со телесни повреди се здобил Д.Г., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид.
Црна хроника
Млад кавадарчанец турнал пензионерка за да и’ ја украде чантата со 50 евра и „моторола“, тешко е повредена

Деветнаесетгодишник од Кавадарци е приведен оти турнал жена и тешко ја повредил за да ја ограби.
Нападот, според информацијата на полицијата, се случил синоќа околу 21 часот на улицата Благој Крстиќ.
Оштетената е 75-годишната В.А. од Кавадарци. Таа на сила била турната во влезот од зградата, и и’ била грабната чантата во која носела 3.000 денари и мобилен телефон „моторола“. При падот се здобила со тешки повреди и била пренесена во кавадаречката болница.
Во близина на местото на грабежот била пронајдена ташната, а при прегледот кај осомничениот биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и дрога.
Деветнаесетгодишникот е задржан во станица, а извесен е јавен обвинител за целиот случај.