Топ
Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница.
Несреќата се случила вчера во 09.00 часот на пругата Гевгелија-Скопје, во близина на циглана кај Неготино, кога товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, удрил во мигрант.
Во незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Вистината излезе на виделина за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за Филипче

Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го прикажат Филипче како виновен, им пропадна во вода. Наместо да се повлечат и да се извинат за своите лаги и манипулации, тие продолжуваат безочно да лажат и обвинуваат, реагира СДСМ.
„ДПМНЕ, освен манипулации и местенки, ништо друго не направи откако е на власт. Од утро до вечер се занимаваат со измислени афери за Филипче, бидејќи немаат ништо друго да понудат. Немаат реализирано ниту еден проект, а ветувањата од кампањата со кои ги изманипулираа граѓаните – останаа неисполнети. Затоа не им преостанува ништо друго освен да го вртат вниманието од своите неуспеси – но граѓаните тоа го препознаваат, и затоа се во паника.
Ниеден лажен напад на Филипче и секојдневни прес-конференции нема да ја поправат штетата што секојдневно ѝ ја прават на државата и на граѓаните. Уништија сè што беше макотрпно градено – ја уништија економијата, перспективите, надежта – и ја задолжија државата за три поколенија“, се вели во реакцијата.
Македонија
Семејствата на жртвите во „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите.
Од Обвинителството велат дека преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.
За таа цел во следните 2 дена, во соработка со волонтерите од „Супорт Кочани“, обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.
Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.
Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.
„Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените“, велат од Обвинителството.
Воедно, како што се додава, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.
Тоа може да се направи со пополнување на формуларот за пријава достапен на страната на обвинителството, кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: [email protected]
Македонија
Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто ексминистерот за здравство и актуелен претседател на опозициската партија, Венко Филипче е изземен од случајот Онкологија.
Партијата оценува дека Венко Филипче бил убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија, а неговиот мандат, поврзан со скандали и злоупотреби.
„Самиот Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со одлуката на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, поднесени се две обвиненија. ВМРО-ДПМНЕ се повикува на членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што стои „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што, според нив, значи дека Филипче бил директно одговорен.
„Дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека се крадела па дури и завршувала на црниот пазар во Косово? Зошто омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, дозволил системски хаос и непочитување на шеесетина законски одредби. Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни. Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија заклучи дека неопходни се реформи во правосудството, односно независно судство, растоварено од политички влијанија.