Црна хроника
Трагична несреќа кај Штип: две загинати лица, а едно лице им подлегнало на повредите во клиничката болница
Регионалниот ЦУК ШТИП известува за сообраќајна несреќа на патниот правец „Штип – СВ Николе“ кај селото Криви Дол помеѓу две патнички моторни возила. Од Сообраќајната полиција ЦУК има известување дека на местото на несреќата имало две загинати лица, а едно лице им подлегнало на повредите во клиничката болница во Штип.
За другите повредени лица нема подетални информации, на местото на несреќата е излезен јавен обвинител и се врши увид на несреќата, а сообраќајот ке биде во прекин се до завршување на увидот.
Инаку, сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат кон СВ Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.