Црна хроника
Тренер по тенис допирал малолетни девојчиња во Радишани, мајките ја алармирале полицијата

Мајки во полицијата пријавиле дека нивните малолетни ќерки биле допирани по телото од нивниот тренер по тенис.
Според пријавеното, тоа е се случувало во спортска сала на подрачјето на Радишани.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџерки се однесувале агресивно со полицајци, приведени се во Ѓорче

Во 3 часот по полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Убодни рани за жител на Велешта во напад пред угостителски објект

Вчера околу 13:43 часот, пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети го нападнале Д.Н. од струшкото село Велешта, при што тој добил убодни рани по телото.
Повредениот веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга каде му била укажана медицинска помош. На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи.
Полицијата информира дека по целосно расчистување на случајот против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во домот на улицата Борис Бојаџиски во скопската населба Ѓорче Петров, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.
Додека бабата, родена 1938 година, одмарала во една од собите, осомничената ја заклучила вратата, седнала врз неа и со перница врз главата се обидела да ја задуши. Таа исто така ја удирала со тупаници по главата.
Според информациите од Обвинителството, престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција.
Бабата била пренесена во болница, каде и биле констатирани нагмечување на главата и вилицата, како и хематоми.
До судот доставен е предлог за определување мерка притвор.