Црна хроника
Три возила се судрија на патот кон село Љуботен, неколкумина повредени
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за село Љуботен, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61) од село Љуботен, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М.(54) од село Ласкарци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(19) од село Љуботен, скопско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од с.Љуботен,скопско, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

