Црна хроника
Три вреќи марихуана пронајдени во „мерцедес“ во Тетово

На тетовската улица Илинденска, на 22 август, полицајци при преглед на автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички пронашле 20 килограми марихуана.
Како што информираат од МВР, „мерцедесот“ бил управуван од 21-годишник од Дебар, а сопатник бил негов 27-годишен сограѓанин.
При прегледот на автомобилот зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење.
Двајцата дебрани биле уапсени и задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.