Топ
Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Маврови Анови – Дебар

Денеска, во 16.50 часот, во СВР Тетово, пријавено е дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во месноста Стрезимирски Мост, патничко возило „рено“, со германски национални ознаки, излетало од коловозот.
На местото на несреќата првично починале 3 лица (две машки и едно женско), а едно повредено женско лице е пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
Екипи на СВР Тетово се веќе на самото место и набргу ќе почне увид, што ќе го води јавен обвинител и во кој ќе учествува и екипа од ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
До тепачката дошло поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи. За обид за убиство е осомничено лице кое во тепачката користело дрвена даска со која тешко повредил едно лице од спротивставениот табор, нанесувајќи му фрактура на черепот со крварење на мозокот. Друг осомничен нанел тешка телесна повреда – скршена долна вилица, удирајќи со тупаници еден од останатите учесници во инцидентот. Сите останати се осомничени за учество во тепачката, која се случила на 16 август.
За осомничениот за обид за убиство, ценејќи ги сите околности под кои тој ги извршил дејствијата и фактот дека станува збор за млада личност која тукушто наполнила 18 години, но кај која сепак постои ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото, јавниот обвинител предложи мерка куќен притвор. За останатите учесници во кривично-правниот настан предложени се мерки на претпазливост.
Свет
Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Се очекува ден исполнет со дискусии за клучни меѓународни прашања.
Распоред на клучни состаноци
Според објавениот протокол, пристигнувањето на европските лидери во Белата куќа е закажано за 12:00 часот по локално време – 18 часот по македонско време.
Еден час подоцна, во 13:00 часот (19 часот), претседателот Трамп ќе го пречека украинскиот претседател Зеленски, по што нивната билатерална средба ќе започне во 13:15 часот (19:15 часот).
Во 14:15 часот (20:15 часот), Трамп формално ќе ги пречека и европските лидери.
Најважниот дел од денот ќе биде мултилатералната средба со европските лидери, која е закажана за 15:00 часот (21 часот) по локално време.
Кој доаѓа на состанокот со Трамп?
На списокот на оние што ќе учествуваат на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓаат:
Британскиот премиер Кир Стармер
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Францускиот претседател Емануел Макрон
Италијанската премиерка Џорџа Мелони
Германскиот канцелар Фридрих Мерц
Финскиот претседател Александар Стаб
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте
Зеленски и неговите сојузници ќе се обидат да се договорат со Трамп за конкретни чекори кон мировен договор со Русија, откако разговорите во Алјаска не доведоа до договор за прекин на огнот.
фото: принтскрин
Свет
Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции, рече Михаил Улјанов, претставник на Русија во меѓународните организации во Виена.
„Многу лидери на ЕУ нагласуваат дека идниот мировен договор треба да обезбеди сигурни безбедносни гаранции или гаранции за Украина. Русија се согласува со ова. Но, таа има еднакво право да очекува дека Москва ќе добие и ефикасни безбедносни гаранции“, напиша Улјанов на платформата Икс.