Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера во 23.40 часот во Полициската станица Гази Баба, 30-годишниот Е.Ј. од Скопје пријавил дека на улицата „Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник, извести МВР.
„На 25.02.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Ј.(22) од Република Чешка, со престој во Скопје, пријавил дека во с.Бардовци, скопско, бил каснат од куче скитник. На 25.02.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Карпош, Т.Н.(46) од Скопје пријавил дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил каснат од куче скитник“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.