Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници
Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Центар, В.Ф.(38) од Скопје пријавил дека на кеј на реката Вардар, во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во СВР Битола синоќа во 20.00 часот В.Ш.(74) од Битола пријавила дека на ул.„Кланица” во Битола била касната од куче скитник.
Истиот ден во 14.30 часот во ОВР Прилеп, В.Х.(68) од Прилеп пријавил дека во Градскиот пазар во Прилеп бил каснат од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Давале пари на заем па барале камата: кривична за две лица од Гостиварско за лихварство
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.М.(69) и Ф.М.(52), двајцата од с.Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Во периодот од 2012 до 2024, пријавените во повеќе наврати на две лица им давале пари на заем, за што подоцна им побарувале несразмерна камата, а им упатувале и закани доколку не им биде дадена бараната сума.
Црна хроника
Му барал 1.000 евра за да не биде убиен синот во затворот: кривична за тетовец
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К.(35) од с.Челопек, тетовско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Имено на 20.04.2024, пријавениот телефонски го контактирал К.С.(72) и побарал 1.000 евра за да не биде убиен неговиот син кој е на издржување затворска казна во казнено – поправна установа.
Црна хроника
27-годишен тетовец починал од повреди здобиени при извршување на градежни работи
На 02.11.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот, при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од с.Ѓермо, тетовско.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.30 часот починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известен бил трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.