Црна хроника
Тројца малолетници со остар предмет повредиле девојче во Гази Баба

Вчера во 22.39 часот во СВР Скопје, Д.А. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од тројца малолетници, кои ги познавала, при што еден од нив употребил остар предмет и ѝ нанел повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанка во својот двор во Кисела Вода пронашла куршум, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 37-годишната Е.П.И. од Скопје пријавила дека во нејзиниот двор на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбена златарница во Градскиот трговски центар во Кочани

Денеска во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.