Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна незгода во Штип

На 15.3.2021, во 11.20 часот, во СВР Штип било пријавено дека на крстосницата од улицата Сремски фронт и улицата Џемал Бјејдиќ во Штип се случила сообраќајна незгода.
Во сообраќајната незгода, како што велат од МВР, учествувале патничко моторно возило „ауди А3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д. Д. (49) од Штип, и товарно моторно возило „ивеко-еврокарго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Е. Р. (51) од Штип.
Притоа од ударот тешки телесни повреди добило лоицето Д. Д., а телесни повреди добиле двe лица од товарното возило – Н. М. (37) и Д. М. (49), двајцата од Штип.
Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Скопје

Во СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Момче и девојка претепале таксист во Аеродром

Денеска во 03.52 часот во СВР Скопје, М.Н. 63-такси возач од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром едно машко и едно женско лице не му платиле за такси услугата.
Tие според пријавеното и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Претепан малолетник во скопско Марино: друго момче го снимало настанот на мобилен

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот