Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна незгода на патот Берово – Струмица

Вчера во 15.50 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Струмица, атар на село Русиново, беровско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со пехчевски регистарски ознаки управувано од В.М.(57) с.Робово, општина Босилово и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки управувано од Ј.М.(63) од с.Ратево, беровско, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и неговата сопатничка М.М.(24) од с.Робово, а возачот Ј.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
„Мерцедес“ со германска регистрација се запали кај плоштадот во Свети Николе

Автомобил „мерцедес“ се запали синоќа на паркинг во близина на градскиот плоштад во Свети Николе.
Возилото, со германски регистерски ознаки, било сопственост на Т.Ш.(53) од овој град.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.
Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.
Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.
Извршен е увид.
Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.